Денешното невреме кое го зафати Прилеп е едно од ретките вакви во последните години. Речиси сите сообраќајници и улици се под вода, а граѓаните јавуваат за поплавени домови и подруми.
Еден прилепчанец снимајќи го невремето во еден момент снимил и една застрашувачка сцена.
Тој во еден момент снимил удар од гром, кој од видеото се гледа како да удира во оџак од куќа.
Не е познато дали од електричниот удар имало несакани последици.
ВИДЕО: Никола Николоски