На околу 30 километри од Марковите Кули во Прилеп, се наоѓа селото Стровија, кое е едно од најубавите воздушни бањи во државава. Преубавата природа и богатата флора, ја надополнува реката Строшка. Од нашите читатели добивме видео кое сведочи за една страшна глетка, со која се соочиле посетителите на ова рајско место. Се работи за голем помор на риба. Причините за нарушувањето на природниот диверзитет не се познати.
Погледнете: