Страшен удар за германската економија: “Ова не ни се случило 40 години!”

Германија оваа година ќе биде во рецесија од 4.2%, а економијата најлошо ќе помине во второто тромесечие.

За другото трошење се предвидува дека бруто домашниот производ ќе падне за дури 9.8%. Се очекуваа најсилната европска економија следната година да порасне за 5.8%, но со ниски бази.

Така во пролетната прогноза предвидуваат пет економски институти кои ги зедоа во предвид и економските мерки на земјата.

Германија никогаш не доживеала толку длабок пад на БДП, каков што предвидуваат економситите за вториот кварта, од собирањето на тромесечните податоци. За последен пат ова се случило во 1970 година.

Оваа криза ќе биде за два пати полоша од онаа во 2008 година. Економистите проценуваат дека државата во првото тромесечие забележала пад од 1.9%.

Макроекономските броеви се уште полоши во останатите европски држави погодини од пандемијата на коронавирусот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.