Синоќа во центарот на Прилеп,во зградата наспроти Зграда Македонија, изби пожар. Според очевидци се работи за застарена електрична инсталација, поради која пожарот избил во приземјето на зградата и се ширел кон погорните спратови.
Екипите на бразата помош и противпожарната бригада, реагираа навремено, а не е познато дали има повредени и жртви во настанатата огнена стихија.
Од очевидци дознаваме дека станарите панично ги напуштале своите живеалишта, кога се огласиле сирените на противпожарната бригада.
Граѓаните исто така се пожалија на долгото чекање на екипите на ЕВН Македонија.
Повеќе информации во текот на денот.