Уште една несреќа ја потресе Македонија. Во 21 часот во Кривогаштани, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Ц.Ѓ. и моторцикл „Хамачи“ без регистарска ознака, управуван од 19-годишниот В.К.
Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил четиринаесетгодишник кој се возел на моторциклот. Тој по укажаната лекарска помош во Општата болница-Прилеп, е префрлен во Детска хирургија-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.