Страв меѓу населението: Во Сплит е како на воено поле, граѓаните се плашат да излезат на улица

Безбедносната ситуација во Сплит никогаш не била полоша, а полицијата е немоќна против бандите, пишува порталот “24sata.hr”.

Во последните неколку недели скоро и да не помине ноќ, а во Сплит да не се случи некаква крвава пресметка. Ситуацијата станала толку сериозна, што граѓаните се плашат да излезат од дома.

Синоќа во пресметка после кавга со нож е избоден тинејџер. Момчето е хоспитализирано, а неговиот напаѓач уапсен. Меѓутоа, тоа е само последен во низата. Најчесто криминалот настанува поради дрога.

При пукање среде бел ден е рането 27-годишно момче, при пресметка со разбојник и полиција повредени се четворица полицајци, при упад на разбојник во семеен стан на 10-годишно момче му е пресечен вратот, а сите овие случаи се случиле за помалку од еден месец.

Дури и банални кавги во сообраќајот завршуваат со пукотници. Сплитската полиција вели дека ситуацијата никогаш не била полоша.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.