Стравично невреме проследено со пороен град и грмежи попладнево го зафати северо-западниот дел на Македонија. Снимките и фотографиите се од селата Сиричино и Брвеница, каде невремето предизвика поплави, а во дворовите на куќите имаше и по дваесетина сантиметри град.
Од УХМР велат дека во текот на следната недела претежно во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.