Претседателот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, на социјалните мрежи пред точно еден месец објави селфи-фотографија со екс-директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.
“Ти го мислиш за Австралија ја летнал, тој на Кеј насмеан се шета. Денес налетав на Ден Дончев кој како директор на Фондот за здравство помагаше на бранители вклучувајки набавка на протези од 25.000 евра за наш војник од ЈНА кој ги загуби двете нозе. Јас не заборавам добри дела”, напиша Ангелов тогаш.
Денеска после излегувањето на најновите “бомби” каде се гледа како Ден Дончев зема пари и ги става во ташна, одново на социјалните мрежи граѓаните прашуваат каде е екс директорот на Фондот за здравство и дали Ангелов може да го пронајде одново?
Ти го мислиш за Австралија ја летнал, тој на Кеј насмеан се шета.
Денес налетав на Ден Дончев кој како директор на Фондот за здравство помагаше на бранители вклучувајки набавка на протези од 25.000 евра за наш војник од ЈНА кој ги загуби двете нозе. Јас не заборавам добри дела. pic.twitter.com/K99kajeA5y— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) May 22, 2020