Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ носителката на изборната единица 6 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска зборуваше за тоа кој ќе биде главниот таргет на ВМРО-ДПМНЕ кој нивниот опонент при што таа го потенцираше следново:
-Главниот таргет ќе биде Рекет. Рекетот е она што ќе остане обележије на изминатово владеење. Јас очекувам оваа вечер Милески да се појави со маичка Рекет како на времето со маичките од СЈО. Рекет е она што го одбележа владеењето на СДСМ и коалицијата. Рекет, криминал, корупција.
Стојаноска во своето гостување посочи дека посакува позитивна кампања при што укажа дека на ВМРО-ДПМНЕ таргет се сите граѓани на Република Македонија i сите националности, од сите етнички заедници.
-Сметам дека и претходно ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власта сите проекти, сите реализирани капитални инвестиции се однесуваа за сите граѓани на Република Македонија. Според мене најдобро нешто што ќе го понудиме е 0% данок за граѓаните. Таргет се целата популација, ќе понудиме и возрасни, пензионери и млади и невработени и социјала и здравство. Ќе понудиме пакет за секој, но пакет кој што навистина ќе биде реализиран во текот на нашиот мандат, додаде Стојаноска.