Ракометниот караван во организација на Ракометната федерација на Македонија по успешниот старт во Охрид, вчера во Прилеп го имаше своето второ издание.
Под мотото „Ракомет – нашата игра, нашиот свет“, во спортската сала во ООУ „Добре Јованоски“, присутна беше ракометната икона, Индира Кастратовиќ, а гости и’ беа поранешниот репрезентативец од Прилеп, Горан Кузманоски, некогашната ракометарка, а сега ЕХФ судијка – Силвана Карбеска и левото крило на РК Прилеп – Димитар Димитриоски.
Главната цел на караванот е промоција на нашиот национален спорт – ракометот, како и запознавање на најмладите генерации со неговата убавина и вредност.
Огромен број деца зедоја учество на настанот, заедно спортуваа, се дружеа и научија многу повеќе за ракометната магија.