Седум години живее без струја и вода. Во неговиот стан буквално не се седи од неподносливата смрдеа. Заборавил кога последен пат се искапил. Незема никакви приходи, живее само од малата помош која му ја дава црквата „Свето Благовештение“ и хумани граѓани. Секој ден јаде само леб и маргарин. Ова се нечовечките и услови во кои живее 52 годишниот прилепчанец Тони Наумоски кој има и нарушено психичко здравје – објави порталот “Инфо компас”.
„Во зима немам огрев, се покриивам со алишта и кебиња ама џабе воздухот е ладен. Вода земам од комшииите во шишиња. Се мијам надвор во ходникот на зградата или во просторија кај подрумите“, вели Тони Наумоски.
Вистинско чудо е како воопшто е жив. Не добива ниту социјална помош бидејќи на негово име кога починал татко му останале над 7 декари земја во селото Суводол, Македонски Брод, за кои не знае ниту каде се наоѓаат. Го чува и гледа, ако може така да се каже, негов роднина кој ретко доаѓа во станот.
Видео прилогот погледнете го ТУКА
ФОТО: printscreen/infokompas.com.mk