Џудо клубот Бушидо и овој месец продолжува со освојување на нови медали.
Клубот зеде учество на Меѓународниот џудо турнир “Миоки Опен” кој се одржа во Спортската сала “Борис Трајкоски” во Скопје, на кој имаше натпреварувачи од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија…
Прилепчани со стопостотен ефект го завршија турнирот, односно боите на клубот ги бранеа пет такмичари кои освоија пет медали во категориите помлади пионери, постари пионери и кадети.
-Елеонора Илиоска – 3 место
-Елена Малиноска – 1 место
– Филип Попоски -3 место
– Марија Талеска – 3 место
– Сара Атанасоска – 2 место