Стоматолошкото здружение на Македонија во Прилеп, деветта година по ред го одржаа редовниот симпозиум за стоматолошка едукација со меѓународно учество, овој пат на тема „Современите принципи и протоколи на стоматологијата „.Тоа беше можност за размена на искуства, запознавање со нови техники и научни практични достигнувања во оваа област, како и презентирање на иноваториите од модерната интердентална нега.
По покана на Стоматолошкото здружение на Македонија на симпозиумот присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој ги поздрави присутните лекари – стоматолози и изрази задоволство што симпозиумот се одржува во Прилеп. Тој нагласи дека за здрава популација и тоа како е важно оралното здравје и негата на усната шуплина, а секоја новина од оваа здрвствена сфера претставува можност за здрави заби и здрав организам
На симпозиумот учествуваа над 250 стоматолози од Р.Македонија.