Кремљ знае дека употребата на нykлeapнo opyжje во Украина суштински ќе ја промени природата на конфликтот, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Како што додаде, Путин утре може да обезбеди мир – ако ја повлече армиjaта.
„Русија знае дека нykлeapна вojнa не може да се добие и никогаш не смее да се води“ – изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за германскиот јавен сервис АРД, коментирајќи ги навестувањата на рускиот претседател Владимир Путин за можна употреба на нykлeapeн apceнал.
„Русија исто така знае – НАТО и нејзините партнери јасно ставија до знаење – дека употребата на нуклeapнo opyжje во Украина суштински ќе ја промени природата на конфликтот“, додаде Столтенберг.
На прашањето за каква промена би била тоа, првиот човек на НАТО не сакаше да навлегува во детали.
„Јасно е дека тоа би имало сериозни последици за Русија, а нашите партнери тоа и го пренеле на Русија на различни начини. Затоа што секоја употреба на атомcko opyжje, дури и помала, би значело преминување на клучната црвена линија“ вели тој.
Според Столтенберг, НАТО сака вojната да заврши што е можно поскоро, а Путин тоа може да го направи „утре, со повлекување на руските сили“.
„Мораме да разбереме дека Украина престанува да постои како независна суверена нација ако престане да се бори. Ако Путиновата Русија престане да се бори, тогаш ќе имаме мир“, додаде Столтенберг.
Според неговата проценка, „храброста и одлучноста“ на Украинците е на многу повисоко ниво од онаа на Русите, што се гледа на фронтот. Покрај тоа, Украинците се „поискусни“ бидејќи се обучени и опремени од НАТО од 2014 година, рече Столтенберг.