Поради операција на менискусот, Стојанче Стоилов го пропушти последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Но, големиот Столе не пропушти да ги бодри нашите момци, а на крајот од мечот го круниса и новиот македонски крал.
“Кралот, еден е Кољо”, напиша Стоилов за нашиот голман Никола Митревски кој беше брилијантен на голот.