Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање на Република дали ќе излезе да гласа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тој пренесе информација дека тоа нема да се случи.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прасањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратеска цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор, вели Стоилковски.
Оваа изјава следи откако на социјалните мрежи почнаа да се шират гласини дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе излезе на гласање на референдумот.
На прашањето до Стоилковски дали ВМРО-ДПМНЕ очекува власта да го почитува евентуален неуспешен референдум Стоилковски вели дека законот е јасен што значи успешен референдум.
-Доколку согласно закон излезат над 900 илјади гласачи од кој повеќе од половина би гласале за договорот тоа би преставувало волјата на народот која мора да се почитува, но воедно секој резултат под овој законски минимум ќе преставува неуспех за власта и неприфакање на договорот, но воедно и обврска власта да ја почитува волјата на народот и да се повлече од договорот, вели портпаролот Стоилковски.
Извор: republika.mk