Стоилковски: Зоран Заев и неговата влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно

Зоран Заев и неговата криминогена влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно. Ако просечната пензија во Република Македонија изнесува 15 000 денари, тоа значи кратење за најмалку по 400 денари од пензија. Вкупно пресметано значи дека на пензионерите ќе им бидат скратени над 124 милиони денари или над два милиони евра, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Стоилковски додава дека скандалозно е тоа што во исто време кога се случува качувања на платите на министри и одредени градоначалници власта спроведува кратење на пензии.

„Кратењето на пензиите удира безмалку на над 310 илјади семејства во Република Македонија. Им ја намалуваат куповната моќ на пензионерите, од нив создаваат социјални случаи. Наместо достоинствена старост, ги туркаат во економско ранлива категорија. Ветуваа раст на пензии а добивме кратење. Значи повторно излажаа.“

За Стоилковски неприфатливо е што министерката Царовска дури се заканува дека ако не било ова кратење пензии ќе морало да има раст на старосната граница за пензионирање. Пари во буџетот има но тие завршуваат за криминал и луксузирање на власта. Едно зборат, а друго зборуваа пред изборите кога ветуваа се и сешто. Граѓаните нема да ги трпат овие уцени.

-Власта брутално ги лаже и си поиугрува и со пензионерите и со граѓаните, животот на Заев сега ќе им крати 400 денари месечно на пензионерите или 124 милиони денари вкупно. Затоа мора да заминат што поскоро од владата на Република Македонија, дополни Стоилковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.