Стоби Флипс е најпрепознатлив бренд за 2024 година во категорија флипсови, а Брилијант во категорија сончогледово масло. Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД спроведе истражување „Најпознати брендови во 2024 година“ со што ги доби најпознатите брендови во државата според мислењето на потрошувачите. Целта на истражувањето е да се дефинираат позициите на брендовите согласно перцепцијата на потрошувачите и покажа дека Стоби Флипс ужива препознатливост од 86%, а Брилијант од 43%.
Во првата категорија, брендот Стоби Флипс остварува речиси изедначено учество со претходната година меѓутоа се уште го има највисокото учество во споредба со сите останати категории. Во позицијата на Брилијант, се забележува намалување на учеството за 6% во споредба со 2023 година.
Четврта година по ред откако започна истражувањето на Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, двата бренда на Витаминка се истакнуваат со најголема препознатливост.
Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1 200 активни потрошувачи на територија на целата држава со користење на персонални интервјуа. Анализирани се вкупно 16 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето кој е според нив најпознатиот бренд во одредена категоријата.