Стопанската комора на Република Македонија денеска одбележа 95 години од своето постоење. Мотото на одбележувањето на овој јубилеј е „Големите глобализираат, малите соработуваат.
На прославата се одржа и тркалезна маса на која учевство зедоа познати личности од Балканот, меѓу кои и поранешниот премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, како и поранешниот претседател на Република Хрватска Стјепан Месиќ.
Прилепската делагација, меѓу кои беа градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, генералниот менаџер на компанијата “Комфи Ангел” Ирена Јакимоска и пратеничката во Собранието на Р. Македонија од Прилеп, Ана Лашкоска, на оваа прослава се сретна и оствари неофицијална средба со поранешниот претседател на Р. Хрватска Стјепан Месиќ.
Прилеп во изминатиот период доживува силен економски подем, а бројот на невработени споредено со до пред 12 години е намален за 11.200 лица. За тоа заслуга имаат програмите за самовработување на Владата, новите погони на домашните компании и проширувањето на нивното производство, како и новите странски инвестиции во технолошко-индустриската зона во Алинци во близина на Прилеп.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески истакна дека оваа Конференција е во функција на припрема на голема конференција која ќе се одржи во септември на која ќе бидат сите компании кои имаат обрт над 100 милиони, од земјите кои имаат до десет милиони жители на која ќе бидат истакнати целите и задачите на сите мали земји во светот за да ја подобрат соработката и како можат да се справат со глобализацијата.
На одбележувањето на 95-годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија беа присутни и други еминентни личности од науката и бизнисот од земјата и од странство.