Натпреварувач во квизот „Милионер“ Гарет Кендал, ја шокираше публиката, а и водителот Џереми Кларксон кога одговори точно на прашањето од 125.000 фунти.
Гарет изгледал напнато додека водителот го читал прашањето на кое езеро се наоѓаaт остатоците од дворецот Ургухат Касел, па се насмевнал кога ги видел понудените 4 одговири.
„Го знам тоа, знам зошто таму ја загубив ногата, не се случи во замокот туку во Инвернес. Ако се сеќавам таму има езеро, има и еден мал влез во рушевините на замокот. Ќе речам Лок Нес. Сопругата ќе ме убие ако го погрешам одговорот„ – рекол Гарет.
„Резервиравме турнеја да одиме и да го видиме градот, тој ден паднав. Се сеќавам на замокот. Прилично сум сигурен дека тој замок е таму“ – рекол натпреварувачот.
Секако одговорот беше точен!