Стефан Лазаров ќе биде водител на Prilep Beer Weekend, а еве кој ќе му прави друштво на фестивалската сцена

Со настапите на Тропико Бенд, Тијана ЕМ, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски, утре ќе започне фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, кој оваа година го носи името “Prilep Beer Weekend”.

Фестивалот оваа година се одржува 3 дена и ќе трае од 1-3 септември, а новина има и во водителската двојка на фестивалската сцена.

Taква чест организаторите им дадоја на познатиот јутубер Стефан Лазаров и водителката на “Бекстејџ”, манекенката Ева Јовановска.

Фестивалот е во организација на Event Group од Скопје, од каде веруваат дека и покрај краткото време на организација ќе понудат добра забава.

Аца Лукас е најголемото музичко име кое треба да се појави на фестивалската сцена во Прилеп, а неговиот настап е на третата фестивалска вечер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.