Ангела Јанеска е мајката на првото бебе во Новата година во Прилеп, кое на свет дојде со царски рез во 5 часот и 47 минути по полноќ. Стефани се роди со 3 килограми и 310 грама.
Гоце Оропан е гинекологот кој ја породи родилката во градската болница “Борка Талески”, а бебето и мајката утрово ги посетија градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец.
На бебенцето и мајката од општината им подарија пригодни подароци.
-Заедно со претседателката на Советот, директорот на болницата и тимот на лекари и медицински сестри, на мајката Ангела и на малата Стефани им посакавме многу здравје, среќа и долг живот. Во знак на внимание и поддршка, во името на Локалната самоуправа на општина Прилеп, им подаривме штедна книшка и пригодни подароци. Со ваков убав почеток, веруваме дека оваа година ќе биде бериќетна за сите нас во општина Прилеп. Со надеж и оптимизам, продолжуваме заедно да градиме подобра иднина за нашите сограѓани. Среќна и бериќетна Нова година, напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп.