Стево се македонизира? Распали по Грците и порача пасошите да не се менуваат уште пола година

Претседателот Стево Пендаровски на членови на Владата им предложил продолжување на рокот на важење на документите без новото име на државата за уште најмалку половина година.

„Тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската Влада: со брза интервенција во два закона – Закон за лични карти и Закон за патни исправи, ако е потребно и во Законот за безбедност во патниот сообраќај – тоа се прави во едно попладне и не мора да биде со европско знаменце, ќе го пролонгираме рокот до септември/октомври. Претходно, ќе ги известиме Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор. Знаете дека Грците немаат сменето една единствена табла по граничниот премин со ‘Северна Македонија’. Зошто? Затоа што им пречи Македонија во тоа сложено име. Значи, ние со добра волја јавуваме во Брисел: ‘Ова ќе го промениме од технички причини, зошто не можеме да стигнеме’. Нема смисла да ги малтретираме луѓето на -10 да чекаат по пет часа и им велиш: ‘Дојдете утре, задутре’. Секоја сериозна држава ги почитува своите обврски. Што е проблем да пролонгираме за 6-7 месеци?“, изјави тој во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

„Тоа е надлежност на Владата. Јас немам право на законодавна иницијатива, меѓутоа можам да го кажам ова. Министрите рекоа дека ќе пренесат во Владата, па ќе видиме“, додаде Пендаровски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.