Стевананџија: Храброст е да го повикате овде Бранимир да каже кој тоа местел милионски тендери во македонската влада

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стеваванџија на денешната седница на која што се дискутира за реконструкцијата на владата, истакна дека оваа недела единствениот храбар човек е советникот на Драган Тевдовски, кој се предлага денеска за разрешување, истиот донел одлука да си замине предвреме затоа што метлата како што вели требало да ги опфати оние кои местеа милионски тендер и оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа, тој е храбар човек, рече Стеванаџија за Бранимир Јовановиќ.

Премиерот пред еден час ја даде следнава изјава „длабокава политичка криза во Македонија е завршена со ризик и храброст за одлука“, но тој ризик и таа храброст значеа понижување и уништување на се што е македонско, вели тој.

Пратеникот објасни дека демантот пристигнал денеска, токму од бугарскиот европратеник невкусна порака како и многу пати пораки кој вели: Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија, вие сте втора бугарска држава на Блаканот, па вака владата го решила проблемот со Бугарија. Исто така и грчките војници на парадата во Солун извикуваа: Македонија е грчка, во вените на македонците тече грчка крв нема да му го дадеме тоа име на скопјаните, и вели дека вака храбро владата ги решила проблемите со соседите.

-За мене не е храброст да се предложи министер за култура кој гордо кажува дека македонскиот јазик му е странски јазик, која храброст е да предложиш министер кој не го признава македонскиот јазик, за мене тоа е неприфатливо, вели Стевананџија и додава:

„За мене е многу побитно да се најде храбар човек кој ќе го реши проблемот со ЕУРОКОМПОЗИТ луѓето одат со шаторите пред влада немаат да јадат,храброст е да ги решиме проблемите на луѓето“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.