Коментирајќи го Буџетот за 2020 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, истакна дека власта со новиот буџет не инвестира во човечки капитал, туку во граѓански поткуп.
Тој потсети на изјавата од премиерот Заев дека во Македонија ќе имало 5 милијарди евра капитални инвестиции, а во буџетот за идната година се предвидени 380 милиони евра, што според пратеникот е многу помалку од минатата година.
Пратеникот зборуваше и за платите на докторите, наставниците, како и покачувањето на пензиите за пензионерите.
„Со жалење морам да констатирам дека до април месец мора некако да издржиме со овој лажен буџет. Мора пензионерите да издржат со покачувањето од 36 денари. Мора професорите да издржат со ветеното, а излажаното покачување неусогласено со колективниот договор. Мора докторите да издржат со таа плата до која стасаа, а е многу помала од ветените 100.000 денари“, вели пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Димитар Стевананџија.
Стевананџија потоа зборуваше и за она што е предвидено со буџетот за Прилеп.
“Нека ми каже некој, кој проект со овој буџет е предвиден за Прилеп? Јас ќе ви кажам нешто почитувани прилепчани, средства во буџетот за 2020 година има предвидено само за двојазични табли, тие двојазични табли за кои ви велеа дека се само во главите на вмровците. Еве тоа стана реалност”, рече пратеникот и покажа фотографија од двојазичната табла на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп.
Дискусијата на пратеникот за Прилеп започнува од 11:00 минута во видеото: