Стевананџија: “Младите сакаат реални проекти за Прилеп, наспроти двојазичност и федерализација

111

Пред градската саат кула во Прилеп, местото каде пред еден месец лидерот на опозицијата Зоран Заев ја најави двојазичноста за градот под Марковите Кули, денес со своја пресконференција излегоа и кандидатите за пратеници од Прилеп, за четвртата изборна единица.

Притоа кандидатот за пратеник Димитар Стевананџија порача:

Градскиот часовник е сведок на многу добри и лоши настани во нашиот град беше сведок и на таа изјава, но верувајте дека многу премрежја поминал нашиот град и успеал да се справи со сите. Ние сакаме да му порачаме дека нашиот град не сака двојазичност и не сака федерализација. Ние сакаме реална програма.

Сакаме гасификација, нов градски театар, нови училишта,  реконструкција на спортскиот центар “Маркови Кули”, реконструкција на старата чаршија, нови патишта и многу други проекти за поубав Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.