Стевананџија: “Интересни факти за пелагониските општини, народот е излажан” (Видео)

Пратеникот Димитар Стевананџија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет посочи дека сака да даде поддршка на неговиот колега од Битола, г. Зоран Илиоски кој преку амандман побара средства за она што беше едно од ветувањата на СДСМ во текот на целата нивна кампања, и овие две години од неуспешно нивно владеење.

Ако на нешто СДСМ доби, односно на нивна лага се налепија искрени граѓани на Република Македонија е лажната борба за чист воздух. Тука е лажната борба за подобар живот, истакна Стевананџија.

Стевананџија додаде дека со одбивањето на амандманот на Зоран Илиоски, власта не дозволува да се измери до кој степен е загаденоста на воздухот. До толку ли е страшно загадувањето во Општина Битола, во прилеп, во Кичево, во Тетово, во сите оние градови каде што ги лажевте граѓаните дека ќе го решите проблемот со загадувањето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.