На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија при што посочи дека власта донесе единствено низа на непопуларни, противуставни закони кои што не се во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Кога сакам да истакнам дека овој закон е противуставен, мислам дека не е логично со законско решение во кое што се субвенционира употребата и набавката на инвертер климите да изделиме само 4 општини во Република Македонија каде што ќе ги имаат тие привилегии, истакна Стевананџија.
Стевананџија додаде дека е логично барем еден од парламентарното мнозинство да стане и да се спротивстави на овој предлог, или пак да се замисли и да го повлече ова законско решение. Ако досега на неколку пати ги дискриминиравте жителите на општина Прилеп на пример, ова е врвот на дискриминацијата. Ако ги дискриминиравте со законот со кој што им префрлавте средства за одолжување на локалните самоуправи во висина од 50 милиони евра, во која што нашата општина не доби ништо бидејќи не беше задолжена.
Ако Прилеп не доби средства за реконструкција на старата Градска Чаршија, за изградба на затворен базен, еве уште една казна за жителите на Општина Прилеп, нагласи Стевананџија. Стевананџија појасни дека Велешани, Кумановчани, Гостиварчани, Прилепчани нема да видат ништо од 10-те милиони евра, средства наменети за набавка на инвертер клими.