Стевананџија: Заев има интегритет – нула, ако воопшто знае што е тоа

Могерини објавила соопштение дека зборувала со Заев во кое дипломатски кажува дека му рекла да не ги бојкотира изборите и да си најди начин да се отплетка од тоа што се заплетка самиот. Се разбира нејзините локални претставници ќе му помагаат, ама Заев треба на време да почне да се престројува. На првиот прес остави простор за тоа, на вториот уште повеќе. Не му е лесно на човекот, особено кога од два ментора ќе прими два различни сигнали. И тоа се случува, иако не пречесто, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на својот Фејсбук профил.

111

Почнува игранката. Покрај разноразните барања кои ќе доаѓаат до ВМРО-ДПМНЕ од меѓународниот фактор во деновите кои следат, со цел да му угодат на Заев, и да му направат алиби да оди на избори и покрај тоа што кажа дека нема да оди, а при тоа да реализираат некоја своја замисла и цел, им треба уште една работа. Односно на Заев му треба. Тоа е јавно да се покаже колку многу преставници на меѓународната заедница му се јавиле или се виделе со него за да го убедуваат да оди на избори, напиша Стевананџија.

stevanandjija

-Каде и да е, кога ќе дојде денот за објавување на реалноста, Заев меѓудругото објаснуваќи зошто ја сменил одлуката, треба да може да каже, со кого се разговарал и кој се му гарантирал дека ќе има фер избори. Демек, не го нагазиле, туку му гарантирале, и ете тоа се причините заради кои прифатил да ја смени претходната одлука. Плус ако успее да издејствува нешто од ВМРО, ете причина да објави триумф и уште една победа.
Кутриот не разбира дека преку неговите барања кои му ги дошепнуваат тие си остваруваат или барем се обидуваат да остварат свои цели. На крај покрај имињата на странците кои го охрабриле и му гарантирале, од еден од неговите ментори ќе добие задача да каже дека и претседателот на ДИК му дал некави гаранции, затоа што на еден од менторите на Заев кој патем речено целосно го контролира претседателот на ДИК, потребно му е на неговата кукла да и се зголемува авторитетот. Демек и тој претседателот на ДИК е значаен фактор. Прочитана книга. Инаку претседателот на ДИК од она што го знам е многу горд што ја има добиено улогата на кукла во куклениот театар на еден од менторите. Човекот е импресиониран што од никој и ништо наеднаш почнаа да го викаат на разни настани во разни амбасади и да му прават муабет некои кои до вчера ги гледал само на телевизија и не сонувал дека ќе ги запознае а камоли да разговараат сериозно со него. Свесен дека оваа работа еден ден ќе помине тој ми личи дека веќе работи на тоа да ја добие следната негова тезга. Полн е со надеж. Тотално не го интересира што ќе биде со државата туку што ќе каже и помисли за него менторот, од кого очекува понатамошна подршка во неговата лична кариера. Верува дека ако не го изневери менторот, ако како верно кученце цупка по него, односно ако му биде верен слуга, тој нема да го заборави, и ќе му фрла по некоја коска и во иднина. Спремен е да прочита се што ќе му напише менторот без воопшто претходно да размисли за содржината, ризиците и последиците за земјата. Интегритет – нула. Ако воопшто знае што е тоа. И ако воопшто му значи, пишува пратеникот на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.