Стевананџија: “Германците ја предупредија “пишман” Владата дека ќе се случи xaoc во економијата” (Видео)

Tоа што денес се случува ви го предвидела германската стопанска комора пред 1 година, истакна Димитар Стевананџија од собраниската говороница на седницата на која се говореше за новиот закон со кој што се враќа стариот начин на оданочување, односо рамниот данок.

-Оваа дебата ми наликува на дијалог на глуви, дебатираме, нема реплика, нема објаснување за тоа која е причината за оваа постапка. Најдобро е мислам да дојде во оваа сала министерката да почне пред македонската јавност да објаснува што се се случува во тоа министерство. Ова е таа „пишман аџија“ Влада за која ви зборуваме повеќе од три и пол години.

Да бидеме попрецизни ќе започнам хронолошки да ви ја објаснувам генезата на носењето на овој закон. Заев ‘прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија’. На оваа негова „храбра“ Бошко Буха изјава реагираше германската стопанска комора која што водејќи се од нејзиното искуство, од нејзиното познавање на економијата, врз нејзината желба да ги продолжи добрите практики воведени од ВМРО-ДПМНЕ при отворањето на технолошко-индустриските развојни зони и носењето на инвеститори во Република Македонија. На 11 декември точно пред 1 година ја испрати оваа порака ‘делегацијата на германското стопанство не го поддржува зголемувањето на данокот на личен доход, воедно сакаме да ја искажеме нашата kpитика за невклучувањето на приватниот сектор во дијалогот за новиот закон’. Значи и во коморите било дијалог на глуви, вели Стевананџија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.