Вечерва со почеток од 19:00 часот започнува новата сезона од машката ракометна Супер лига за ракометарите на РК Прилеп. Во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” гостува екипата на Вардар Јуниор.
Влезот за мечот е бесплатен, домаќините се фаворити, при што се очекува бодовите со сигурност да останат во Прилеп.