Стартува летната сезона во “Салида Аква Парк”: Од утре повелете на добра забава, разладување и одлична храна

Тимот на аква парк “Салида” и ова лето ќе ги понуди најдобрите забави во Прилеп.

Сезоната стартува утре (11.06) со почеток од 10 часот наутро, а посетителите ќе уживаат добра забава, одлично разладување и секако супер храна до 18:00 часот.

Во меѓувреме се ‘крчка’ програмата и за ноќно капење и за тоа кој се’ ќе ги забавува младите ова лето.

Наш совет е уште денеска да се организирате, да изберете убав коктел и утре навреме да си фатите убаво местенце. За оние со работни обврски, не очајувајте, доаѓа викендот, па еве прилика час поскоро да ги испланирате слободните денови.

Уживајте во летото, затоа што со Салида Аква Парк нема високи температури кои не можат да се поднесат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.