Старо, младо, машко и женско на нозе се кренаа за одбрана на Македонија (ГАЛЕРИЈА ОД РЕКОРДНИОТ ПРОТЕСТ)

Над 80 илјади луѓе излегоа на улиците само во Скопје, а вкупно над 250.000 илјади луѓе низ 43 места во цела држава за зачувување на унитарноста на Македонија.

 

1

Минувајќи ја познатата маршрута, од Владата до Собранието, со пеење патриотски песни, пароли и развиорени македонски знамиња, граѓаните уште еднаш рекоа „не“ за тиранската платформа и за федерализација на Македонија.

Учесниците на протестот што се одржуваше истовремено со средбите на еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници со политичките лидери во Собранието, изразија и благодарност до претседателот Ѓорге Иванов кој својот термин за средба со Хан и го отстапи на „За заедничка Македонија“. Иницијативата на Иванов симболично му подари маичка со логото „4Илинден“.

– Ѓорге Иванов не е човек со свиткана кичма, Ѓорѓе Иванов не е таков човек и никогаш не бил, Ѓорге Иванов не го дава мандатот на политичари кои не се откажуваат од платформата и затоа тој отстапи простор на граѓаните на Македонија, рече Богдан Илиевски, еден од членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Време е, додаде Илиевски, еврокомесарот Хан да ги дознае аргументите и причините поради кои македонскиот народ протестира повеќе од 20 дена.

– Ние сме тие домаќините кои треба да бидат слушнати од сите гости, ние сме тие кои се грижиме за државата за разлика од тие кои сакаат да ја турнат туѓата платформа во оваа земја. Ова се граѓаните на Македонија и Иванов е горд на тоа, Ѓорге Иванов е претседател на Република Македонија и ние сме горди и среќни што го имаме, дополни Илиевски.

narodddd640

Претходно, поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ одржаа мирен протест и пред седиштето на Европската унија додека еврокомесарот Хан беше таму. Му порачаа дека не е добредојден, извикувајќи пароли против ЕУ.

23 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.