Обичаите се различни од место до место, но сепак некои ни се заеднички на сите. Погледнете што народот одамна верува дека треба да се прави на Божиќ, а што треба да се избегнува.
Ако на Божиќ врне, се верува дека ќе вроди со плод се што ќе биде копано со мотика.
Во некои краеви веруваат дека ќе има многу мед во текот на годината ако бадникот фрла искри сам од себе.
Кој во текот на годината се скарал со некого, на Бадник треба да се смири.
За Божиќ е убаво да се подновиме.
Во јужна Србија постоело верување дека девојките и момчињата кои ќе ја преспијат Бадната ноќ на слама, ќе го сонуваат идниот сопружник.
Во некои краеви се верува дека божикната свеќа не треба да се гаси со дување, туку со леб натопен во вино, најчесто парче од погача.
На Бадниот ден сите позајмени работи и долгови треба да се вратат, а за вечера да се подготват непарен број на јадења.
На Божиќ треба да се прават работи кои инаку не ни одат од рака, да можеме полесно да ги совладуваме во текот на годината која стигнува.
Од Божиќ до Свети Стефан не треба да се чисти куќата, а во Војводина се верува дека за време на божикните празници не треба да се тропа на вратите, кокошките да не ги скршат јајцата.На Божик исто така се дарува гостинот положајник, а во многу краеви се даруваат чорапи.
На Божиќ не треба да се позајмува ништо на никого, така цела година работите нема да се изнесуваат од дома.