Старите советници на листата од СДСМ – синоќа расправии до касно?

Најлошото сценарио за членовите и гласачите на СДСМ Прилеп се случило синоќа.

Сите очекувале нови лица и само континуитет во советничкиот мандат на актуелниот Претседател на Совет, за кој е незамисливо и апсурдно да не е ни кандидат за советник.

Дали е тоа признание дека прилепските социјалдемократи биле најнеуспешна локална самоуправа во Македонија?

Но, како е возможно да е елиминирана Ташкоска, а носител на листа да е советничка, која само по 23 дена од мандатот си дала оставка во 2017. година, а сопругот и’ станал директор на јавно претпријатие.

Дека ништо не е сменето е доказ и советничката од НСДП, која е и актуелен раководител на СИЗ во Прилеп. Но, тука не застанале расправиите синоќа, бидејќи мандатот го продолжува и Ивона Кузмановиќ, за која се вели дека не кажала ниту еден збор во изминатите 4 години?

Кулминација на се била одлуката добитно место да добие и Аце Китаноски, досегашниот заменик градоначалник и економ во училиштето во Обршани?

Тоа ја прелеало чашата и било повод да се коментира дека ова е приватна листа на Сугарески и Миле Талески.

Ова е причина за огромен револт во многу месни заедници на СДСМ во Прилеп, а се очекува тоа да кулминира до 17 октомври.

Причината е едноставна…тие што добиле најмногу од партијата сега се на листа за советници?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.