“Стара Фурна” го стартуваше својот нов погон во индустриската зона “Прилеп 1”

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-1

„Стара фурна“ го прошири својот капацитет и денеска свечено го отвори новиот погон во индустриската зона „Прилеп 1“, два објекти од 280 метри квадратни, со две посебни фурни. Нивниот леб е далку познат, не само во Прилеп, туку и во Македонија, зашто се произведува на стар начин, со природно киснење на тестото, рачно изработено и се пече на дрва.

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-2
А, дека квалитетот го препознаваат потрошувачите покажуваат и резултатите
– Се зголеми бројот на вработените на 39, благодарение и на владините мерки за вработување и самовработување, но и производството во овие четири години е зголемено на повеќе од 100% – вели сопственикот Владимир Апостолоски, кои заедно со двајцата браќа и снаа, ја отвораат старата дедова фурна, во 2012 година.

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-3
Во новиот објект сопствениците очекува бројот на вработени да достигне и до 50, а благодарение на брзиот развој на Стара фурна, таа оваа година беше меѓу десете македонски компании кои ја добија престижната Национална награда за најдобри брзорастечки фирми „Газели“, која ја доделува за прв пат Владата и Министерството за труд и социјална политка на мали и средни фирми кои напредуваа во својот бизнис. Наградата значеше и финансиска поддршка во опрема во висина од 10 илјади евра, за да може Стара фурна да го развиваа својот бизнис, да го зголемуваа квалитетот и бројот на вработени.

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-4

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-5
– Ова е втора домашна компанија која го започна својот бизнис во индустриската зона „Прилеп 1“, а во иднина се очекуваат уште 7 домашни компании, тука, да го прошират својот бизнис зашто се покажа дека ова е вистинска можност за компаниите да инвестираат. Ние во оваа индустриска зона „Прилеп 1“ имаме вложено повеќе од милион евра за изградба на инфраструктура: водовод, канализација, осветлување, асфалтирање на патишта, уредување на тротоари… се со цел, како локална самоуправа и Влада, да ги поддржиме домашните бизнисмени да го развиваат својот бизнис – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, посетувајќи го отворањето на погоните за леб на „Стара фурна’ во индустриската зона „Прилеп 1“.

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-7

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-8

„Стара фурна“ е и учесник во проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија конфинасиран од Владата на Швајцарија и имплементерин од ЦЕЕД Македонија.

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-9

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-10

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-18

6517-zapocna-so-rabota-i-stara-furna-vo-industriskata-zona-prilep-1-960x600-19




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.