Стаорец влегол во банкоматот и уништил 19.000 долари

Стаорец успеал да влезе во дупка од задниот дел на банкоматот во банка во Индија и уништил банкноти во вредност од 19.000 долари, соопштија медиумите.

Надзорникот од полицијата во градот Тинсуки изјавил дека техничарите стигнале на 11 јуни како би ја поправиле расипаната машина, а во неа го пронашле мртвиот стаорец и уништените банкноти, во вредност од 19.000 долари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.