Стан во Скопје или остров во Шкотска – цената е иста

Ако некогаш сте посакале да избегате од метежот и вревата на секојдневниот живот и да отидете на оддалечен остров без други жители, ова можеби е вашата шанса. Сместен веднаш до јужниот брег на Шкотска, се продава островот Барлоко, по цена од 190.000 долари или 170.000 евра.

„Сè уште постои многу романтично чувство поврзано со поседување на свој шкотски приватен остров, каде што можете да избегате од метежот и вревата на секојдневниот живот и да уживате во мирот и тишината во најубавите предели наоколу“, се вели во изјавата на агентот за продажба.

Клиентот веројатно нема да биде човек кој патува секој ден. Најблискиот град е оддалечен десет километри, а најблиската железничка станица е Дамфрис, на еден час возење со автобус од градот. Лондон и Единбург се оддалечени на 500, односно 160 километри.

Цената е релативно блиска со становите кои се продаваат во Скопје. Па оттука ќе си го поставите и прашањето: Дали цената на овој остров е прениска или цената на становите во Скопје е превисока?

Агентот очекува голем интерес за ова минијатурно кралство. „Сведоци сме на голема побарувачка од потенцијални домашни и меѓународни купувачи за приватни острови, а неколку од нив веќе продадовме во Шкотска“, тврди агентот за продажба, пишува CNN.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.