Славниот „Роки“ популарниот актер Силвестер Сталоне за медиумите изјавил дека се чувствува гордо по шпекулациите дека новиот претседател на САД, Доналд Трамп ќе му понуди висока позиција во „Националната фондација за уметност“, влијателна федерална установа во САД.
Оваа информација неделава ја објавија неколку американски медиуми, поради тоа Сталоне дури дал и изјава во која вели „дека бил неверојатно горд со сугестијата да биде вклучен во Националната фондација за уметност“ пренесува ББЦ. Но популарниот актер додаде и дека пред се себеси се гледа во една друга улога:
-Мислам дека би бил многу поефикасен во работата во која би го свртел вниманието на јавноста на воените ветерани и нивната потрага по добро вработување, прикладено сместување и финансиска помош која хероите ја заслужуваат, наведува 71 годишниот Сталоне.
За својот иден претседател и потенцијален шеф Трамп, Сталоне во интервју за „Вариети“ изјави:
– Го сакам Доналд Трамп . Тој е како големите ликови од делата на Дикенс!