Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво. Во западните делови ќе биде претежно сончево, а во останатите во утринските часови ќе има појава на магла и мала до умерена облачност, но кон средината на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 14 до 20 степени.
И во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови наместа ќе има спуштање на температурата под нулата, а преку денот ќе затоплува