Дарио Стојаноски е 7-годишно момче од Прилеп кое со неговиот голем и хуман потег покажа дека детското срце е најчисто и секогаш исполнето со голема љубов.
Малата Дарио е поголем од секој возрасен човек и е вистински светол пример дека во ова општество на поделби, се’ уште има верба и добрина која треба сите да ја следиме.
Дарио решил да ја скрати неговата коса која ја растел цели седум години, и да ја донира до холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од paк.
Со поддршка од семејството за големиот хуман гест, Дарио ја скратил косата и ја сплетил во плетенка, а сега истата патува до Холандија.
Тој е многу среќен што со својот потег ќе израдува некое детско срце. Се надева дека неговиот пример ќе биде поттик и за други деца да ги растат косите и да ги донираат на оние на кои им е најпотребно.
Браво Дарио! Твоите родители има со што да се гордеат!

























