Пожарот кој шест дена голташе се’ пред себе, остави вистински пустош на Селчка Планина. Огромна површина е претворена во пепел. Цели шест дена над 200 припадници на противпожарната служба, војската, полицијата, јавните претпријатија и голем број доброволци, мака мачеа со огнените јазици, се со цел да се зачуваат населените места и верските објекти.
Воздушната поддршка од ер-тракторите, како и врнежите од дожд во текот на вчерашниот ден помогнаа жариштата да се стават под контрола, но сликата денеска е девастирачка.
Погледнете ги фотографиите од сртот на планината….