Планинарот Мајк Напински (45) кој беше спасен откако во текот на ноќта се изгубил во американскиот национален парк, беше вратен во живот откако срцето престана да му чука 45 минути.
Напински се изгубил минатата недела во националниот парк Моунт Рајнер, на екстремно ниска температура.
Со пријателите заминал на планинска прошетка, но во еден момент се раздвоиле. Пријателот се спуштил до подножјето со помош на скиите, а Напински продолжил да оди. Се договориле да се пронајдат на подножјето од плаинината.
“Бев прилично блиску до крајот на патеката, кога временските услови се влошија и во еден момент не можев ништо да гледам. Не сум сигурен што се случи. Мислам дека паднав”, се присејќава Напински за Сиетл Тајмс.
Кога не стигнал на договореното место, неговиот пријател ги известил ренџерите кои ја започнале потрагата. Поради лошите временски услови, хеликоптерот не можел веднаш да полета.
Спасувачката екипа полетала по еден час и конечно го пронашле планинарот, а потоа стигнал и морнарски хеликоптер кој го пренесол до болницата.
Лекарите го реанимирале и го приклучиле на ECMO апарат.