Српски медиуми: Заев заплеткан во мрежата со Албански криминалци- затоа ја прифати Тиранската Платформа

По последните случувања во Македонија и големиот број на апсења на трговци со дрога од блиското опкружување на Зоран Заев, ова стана тема на истражување и пишување на голем број на медиуми од регионот. Имено, српските медиуми анализирајќи ја врската на Заев и сите овие криминални ликови заклучуваат дека Заев е целосно заплеткан во мрежата со Албанската мафија.

srpski-portal1

Читаниот портал ИН4С во текст под наслов: „СДСМ и Зоран Заев дебело поврзани со Албанските криминалци“, пишува дека во околината на Тетово приведен е еден од оние кои работеле за СДСМ и Заев во изборниот период, а дилал со марихуана.

Порталот дополнитено пишува за бројните криминалци кои биле блиски до лидерот на СДСМ, а сега се зад решетки за разни криминали, како : Сеад Рахиќ, Харун Хааџибулиќ, Близнаците од Ѓорче…

Реномираниот портал Србин.Инфо анализирајќи ја ситуацијата во Македонија и последните збиднувања напиша: – Заев често се слика со криминалци кои порано или подоцна завршуваат во затвор. Еден од нив е и Сеад Рахиќ ( брат на бивши пратеник од СДСМ, Есад Рахиќ ). Сеад Рахиќ е близок соработник и пријател на Заев, а е уапсен за организирање на продажба на кокаин во Скопје.

srpski-portal

Порталот дополнително пишува:

„Лидерот на СДСМ, кој е миленик на Амбасадата на САД во Скопје и Соросовите НВО, длабоко се заплеткал во мрежата со албанските криминалци. Затоа морал и да ги прифати уцените од Албанците и да ја прифати Тиранската Патформа, заради која веќе три недели секојдневно протестираат повеќе од 200.000 Македонци низ целата држава.“

Анализата се заклучува со информацијата дека во одредени медиуми веќе кружи информација дека дел од овие познати криминалци ја финансирале и изборната кампања на СДСМ.

Факти.рс, анализирајќи ја ситуацијата во Македонија и поврзаноста на Заев со албанската мафија пишува дека испливала вистината за поврзаноста на СДСМ и Зоран Заев со Албанскаските криминални структури. Тој исто така ги наведува сите познати криминални ликови блиски до Заев, а кои завршија зад решетки.

srpski-portal2

Од Факти.рс, пишуваат и дека во шверц со дрога бил вмешан и братот на ОО на СДСМ во Арачиново.

Со осврт на Чаушот за кој порталот вели дека Заев не ја ни криел својата блискост со него, што го изјавил и во медиумите.

Имено сте анализи се единствени во заклучокот дека Заев и СДСМ длабоко со навлезени во соработка со криминални структури, кои голем дел од нив работеле за нив за време на изборите и ја финансирале нивната кампања.

Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.