38-годишниот ловџија Д.П. од Купусина ќе биде добро запаметен од неговите колеги, откако вчера за време на ловот на него налетал “елен капиталец” и му ја одзел пyшkaта со роговите.
Овој крајно необичен инцидент се случил во неделата на 18-ти октомври за време на ловот на ситен дивеч. Според зборовите на очевидците, групата на ловци се движела кон шумата додека на нивниот колега, во полн трк, налетал елен-капиталец, тежок 300 килограми. За среќа, ловџијата во намера да се заштити, ја држел пушката пред себе, а каишот се заплеткал во роговите на еленот.
– Станува збор за неколку моменти, да не му беше тука пушката, сигурно ќе настрадаше, тврдат неговите колеги. На крај, целата ситуација беше поволна за двајцата. Живи и неповpeдени. Ловџијата до крајот на животот ќе ја памети оваа средба, а еленот избега со трофеј на роговите.