Таканаречените „Обоени револуции“, стратегија со која американската администрација ги соборува „непослушните влади“, секогаш се поврзува со дејствувањето на американските тајни служби и цела една мрежа на невладини организации кои гравитираат околу „Институтот на отворено општество“ на Џорџ Сорос, организација официјално формирана во 1993 година, додека како фондација дејствува уште од осумдесеттите.
Почетните успеси на оваа организација во Унгарија и Советскиот Сојуз не беа насилни. Меѓутоа ограноците на оваа организација како „Канвас“ и „Отпор“ преставуваат „револуционерна авангарда“ во насилното симнување од власт на „непослушните влади и за прв пат се појавуваат во 2000 година во Србија, потоа во 2003 во Грузија, во 2004 година во Украина и во 2005 година, во Либан и Киргистан и така делуваат се до денес. Постои мислење дека прототип на ваквиот начин на симнување на власта бил и неуспешниот обид за рушење на кинеската власт на плоштадот во Пекинг во 1989 година и симнувањето од власт на Чаушевску во Романија, пишува српски КУРИР.
Бидејќи во овие два случаи поголемиот дел од работата ја завршува ЦИА, што на американската администрација можело да и донесе непријатност на меѓународната политичка сцена, одлучено е валканиот дел од работата да ја завршува невладиниот сектор.
Од 1993 година до денес за организирање на државни удари се задолжени Сорос заедно со голем број на невладини организации. Од нив голем број се успешно спроведени но има и такви кои пропаднале како на пример „Зелениот бран“ во Иран.
Со ваквата стратегија Американскиот Стејт Департмент секогаш може да најде изговор дека службено ги помагал и финансирал демократските сили, цивилното општество и слободните медиуми во било која земја.
Таков беше примерот и со Украина кога американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд призна дека на тој начин во Украина биле потрошени 5 милијарди долари, но дека Вашингтон никогаш директно не учествувал во насилното симнување на било која влада.
Српски КУРИР анализира дека моментално на ист ваков начин се рушат институциите во Македонија.
-Имено во една телевизиска емисија во Македонија, лидерот на социјалдемократската опозиција Зоран Заев на прашање на гледач: „Постојат ли услови во Македонија да се случи украинско сценарио“?, без ни малку срам одговори: – Да може така да се каже, во Македонија постојат услови за украинско сценарио! Со тоа само ја потврди својата поранешна најава дека ќе ги бојкотира изборите и политичката борба ќе ја префрли на улиците на македонските градови. Тоа што е Македонија мултиетничка држава и освен некои извесни поделби помеѓу Македонците и Албанците, сега се дели и македонскиот етникум на приврзаници на власт и опозиција, што би можело да значи и туркање на земјата во хаос и граѓанска војна, Заев и опозицијата ни малку не ги вознемирува, а неговите ментори уште помалку, пишува српски КУРИР.
Српски КУРИР анализира дека Зоран Заев ни малку не го загрижува ни тоа што „украинското сценарио значи и најмалку 104, а според некои информации 780 погинати демонстранти и 17 полицајци, како и 10.000 убиени во војната во Донбас. Таква загриженост немаше ни кај лидерите на украинската опозиција, Јарош, Кличко, Тјахнибок, додека помошникот на американскиот државен секретар Викторија Нуланд и американскиот амбасадор во Киев не треба ни да се споменува. За нив убиените Украинци се само бројка.
-Сепак американската службена дипломатија се појавува како пријател на Македонија, се даваат смирувачки изјави, дека тие не се мешаат во внатрешните политички случувања туку се залагаат само за демократија, слобода на медиумите, независно судство и владеење на правото, а од друга страна сите организации и медиуми кои се поврзуваат со американскиот милијардер Сорос и неговите фондации, ги распламтуваат немирите и хаосот во Македонија. Кој е всушност тој човек кој има моќ да ги руши легално избраните влади како да се кули од карти. Сорос како филантроп е активен уште од 1970 година, кога започнува да обезбедува средства за помош на црните ученици за школување на Универзитетот во Кејп Таун за време на апартхејдот во Јужна Африка. За подоцна да започне да ги финансира десидентските движења во Источна Европа. Соросовите добротворни средства започнуваат да се трошат на промовирање на „ненасилните револуции“ во источно европските земји, пишува српски КУРИР.
Неговото делување е фокусирано пред се во Централна и Источна Европа, првенствено преку „Институтот отворено општество и некои други организации кои се под негово покровителство.
Сорос уште од 1980 година започнува да ги користи своите милиони за напад на социјалистичките земји во источна Европа. Неговиот прв успех е забележан во Унгарија.
-Таму тргнува со основање на културни и образовни организации со помош на кои ги онеспособува државните социјалистички институции во целата земја у успеал да продре во сите слоеви на власта. Според процените од 2003 година во ова земја Сорос преку неговите фондации потрошил вкупно 4 милијарди долари или поточно по 400 милиони долари годишно. Сорос потоа својот интерес го префрла во Полска, каде тој заедно со ЦИА, преку „Фондацијата Стефан Баторју“, ја помага работата на антикомунистичкиот синдикат „Солидарност“. ЦИА истата година станува активна и во Кина, а потоа следи СССР. Не е ниту малку случајно тоа дека ЦИА заедно со Сорос делувала во сите тие земји, бидејќи целта била иста, требало да се уништи социјализмот, анализира српскиот медиум.
Во Јужна Африка ЦИА барала антикомунистички дисиденти. Во Унгарија, Полска и Советскиот Сојуз, заедно со Националната фондација за демократија, УСАИД и другите институции кои се поддржани и организирани од антикомунисти, барала и регрутирала активисти за работоа во Соросовото „Отворено општество“.
Поради се поголемото влијание со право се појавуваат сомнежи дека „Институтот Отворено општество делува како составен дел од американските разузнавачки служби.
Дури и американскиот весник „Вашингтон Пост“ пишува за обвинувањата од страна на кинеските владини службеници дека Соросовата “Фондација за реформи на Кина“ и ЦИА се во нераскинлива врска.
Српски КУРИР: Од распадот на Советскиот Сојуз, соросовото финансирање продолжува да игра важна игра
Финасирањето и организацијата на „Револуција на ружи“ во Грузија се смета за пресуден во навлегувањето во руската сфера на влијание.
Иако Сорос тврдел дека неговата улога секогаш се преувеличува, Александар Ломаиа, поранешен секретар на Советот за безбедност на Грузија и поранешен министер за образование и наука, бил поранешен извршен директор на „Отворено општество на Грузија“ и кој управувал со околу 50 души и со фонд од 2,5 милиони долари.
-Да нагласиме дека и поранешната грузиска министерка за одбрана Тинатина Хидашел, била на чело на институтот „Отворено општество Грузија“. Поранешниот грузиски министер за надворешни работи Саломе Зоурабичвили за весникот на францускиот институт за геополитика, Херодоте во 2008 година напишал: „Овие институции се колевка на демократизацијата, особено соросовата фондација. Сите невладини организации кои гравитираат околу неа несомнено спроведуваат револуции. Меѓутоа не може се да се заврши со револуција и јасно може да се види дека после организираните револуции припадниците на овие соросови фондации и невладини организации се интегрираат во структурите на власта, пишува КУРИР од Србија.
Џорџ Сорос бил инвститор во компанијата која Тјумен Оил се обидувал да ја преземе. Тогаш Џорџ Сорос и БП Амоко лобираат како би ја спречиле ова трансакција и и ја присилиле Олбрајт на одлука да се оневозможи кредитирање на руската компанија.
Магазинот Тајмс во 2007 година навел два специфична проекта. Сто милиони долари вложување во интернетската структура за регионалните руски универзитети и 50 милиони долари за проектот Миленикум Промис, со кој наводно се сакало да се искорени екстремното сиромаштво во Африка.
Истовремено Сорос дал 742 милиони долари за проекти во Соединетите држави, при што вкупно потрошил 6 милијарди долари.
Српски КУРИР: Негување на левичарскиот антисосцијализам
-Овој дел кој го појаснува животот и делото на Џорџ Сорос можеби ќе им ги отвори очите на оние кои што уште веруваат во социјализмот, како на пример партијата СДСМ, или некои други кои само декларативно се социјалдемократски, и како такви се единствениот избор за противниците на националистичките и десничарските партии од кои треба да се спомене ВМРО-ДПМНЕ. Во регионот голема улога игра семејното наследство и дел од населението во никој случај не гласа за националисти туку се ја бира социјалдемократската опција, иако таа нема врска со социјализмот. Всушност тие биле главна мета на организациите на Сорос и трабало да бидат уништени по секоја цена. Кога Сорос го оснива „Отворено општество“ го пвикува либералот Арјеха Неиер и му ја дава фондацијата да управува со неа, пишува медиумиот.