Српските медиуми пренесуваат: Отворен тестаментот на Синиша Михајловиќ

Фудбалска легенда, голем човек и борец, како на теренот така и надвор од него. Синиша Михајќовиќ ја загуби битката со тешката болест, но зад себе остави големо семејство предводено од неговата сопруга Аријана.

Миха беше погребан пред неколку дена во Рим со сите почести. Семејството, пријателите и многубројните обожаватели го испратија во вечниот дом, како што доликува на еден толку голем човек, а кога емоциите и шокот од овој трагичен настан стивнаа, во фокусот дојде поделбата на имотот.

Како човек кој во текот на својот живот важеше за еден од најдобрите фудбалери во италијанската лига, а беше успешен и како тренер, познато е дека во текот на кариерата стекнал и значително богатство, а како што објавија медиумите поседува луксузен стан во Рим, вила во Порто Черво, планинска куќа во регионот Абруцо…

-Без разлика на тестаментот, наследството на Михајловиќ ќе мора да го подели со неговиот вонбрачен син Марко. Тоа го бара Граѓанскиот законик. Тука е секако неговата сопруга Аријана, со која ги има ќерките Викторија и Вирџинија и синовите Мирослав, Душан и Николас – се вели во текстот на италијанскиот весник „Кориере Адријатико“.

На иницијатива на неговата сопруга Аријана, таткото и синот стапиле во контакт претходно, што се покажало како вистинска одлука.

– Признав татковство и ја презедов обврската да го издржувам и воспитувам. Тешко ми беше, срцето ми се кршеше секогаш кога ќе помислам на него. Морав да бидам цврст и да истраам во намерата да не се гледаме додека не стане полнолетен, за потоа како возрасни да разговараме за се, да изградиме цврста врска без недоразбирања кои произлегуваат од незрели младешки постапки – изјави Синиша на времето без да ги прикрие своите емоции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.