Српскиот портал “Мондо”: Македонија му одржа јавен час по ракомет на “орлите”

Репрезентацијата на Македонија во два дена два пати ја совлада Србија. Во петокот со високи 37:31, а вчера со 28:27, во пријателските дуели пред Светското првенство.

“Орлите” доживеаа убедлив пораз од репрезентацијата на Македонија, пишува српскиот портал “Мондо”, и додаваат:

“Tимот на Ненад Перуничиќ беше далеку од играта и борбеноста која ја прикажа во дуелот со Тунис во Смедерево”.

Oд “Мондо” велат дека Македонија му одржала јавен час по ракомет на Србите.

Нашата репрезентација на Светското првенство кое започнува од 10-ти јануари во Данска и Германија се наоѓа во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Црвено-жолтите натпреварите од групната фаза ги започнуваат во петок на 11-ти, со почеток од 15:30 часот против Јапонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.