Српскиот непријател број 1 доаѓа на Маракана: ФИФА едвај ќе се справи со навивачите кои со душа го чекаат Шаќири- еве што му подготвуваат

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда ги добија своите противници во Лигата на шампионите, а еден од тимовите е и Ливерпул за кого игра и Швајцарецот кој е роден во Косово Џердан Шаќири.

Балканските навивачи, особено српските добро го запаметија фудбалерот кој за време на СП во Русија оваа година направи скандал покажувајќи го албанскиот двоглав орел.

Швајцарецот кариерата ја продолжи во Ливерпул, додека претходната сезона играше за Стоук, англиските медиуми овој трансфер открија дека е вреден 15 милиони евра, додека официјална бројка никаде нема.

Ливерпул инаку минатата сезона стигна до финалето на ЛШ каде загуби од Реал Мадрид 3:1, додека премиер лигата ја заврши на четвртото место.

И додека српските навивачи со душа го чекаат Шаќири на домашен терен, ФИФА дефинитивно ќе се соочи со тешка задача за да ги смири страстите помеѓу двете страни, бидејќи навивачите на Црвена Ѕвезда нема да му останат рамнодушни на фудбалерот кој ја провоцираше Србија, но и Балканот симболизирајќи ја Голема Албанија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.