Не е тајна дека српската пејачка Рада Манојловиќ речиси секој викенд го поминува во авион и на аеродром бидејќи има настапи на секаде ширум Европа и светот.
Српските медиуми овие денови на големо пишуваат дека таа веќе некој период живее во паника и страв поради коронавирусот кој буквално го коси светот.
Имено нејзиниот страв доаѓа од таму што таа неодамна на летот од Германија доживеала нaпaд на паниka во авионот во кој до неа седеле неколку кинески државјани.
-Рада во неделата слетала од Германија во Белград, а од авионот излегла речиси избезумена. Таа со својот бенд седела помеѓу неколку кинески туристи по што започнала да пaничи за време на целиот лет. Дури и сакала да го промени местото на седење, но не успеала, вели извор близок до пејачката.
Тој додава дека авионот бил полн, па пејачката морала да седи со кинезите.
-Во редот зад неа беа кинеските државјани, а пејачката за време на целиот лет го ставаше својот дуксер околу устата за да се заштити. Исто така од време на време таа правеше дезинфекција на рацете со специјално средство за чистење на рацете, раскажува избор за српски „Ало“.